Николовски: Европската Комисија ја препознава поддршката што како Влада ја даваме на Државната комисија за спречување на корупција

-Европската Комисија ја препознава поддршката што како Влада ја даваме на Државната комисија за спречување на корупција. Во најновиот извештај, позитивно е нотирано носењето на Националната стратегија за борба против корупцијата, како и обезбедувањето на канцеларии за непречено функционирање на ДКСК, порача денеска вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
-Покажуваме комплетна насоченост и почитување кон сите регулаторни тела во државата, а пред се кон Државната комисија за спречување корупција како независно тело кое има важна улога во навременото откривање и сузбивањето на случаите со корупција. Преку системски мерки ги зајакнуваме капацитетите за нашиот широк фронт за борбата против корупцијата, рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e