Зелената агенда е врвен приоритет на СДСМ, затоа што секој заслужува да живее во здрава општина, вели генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски набројувајчи ги приоритетите од зелената агенда.
-Вложуваме во обновливи извори, ги користиме приодните ресурси за производство струја. Следете ги македонските полиња, ќе никнат стотици ветерници и фотоволтаици.
– Ќе продолжи набавката на еколошки јавен превоз за уште повеќе да се намалува аерозагадувањето во градските средини. Ќе продолжи распределбата на субвенциите за инвертери за греење и за енергетско ефикасни фасади. Градиме пречистителни станици за да ги заштитиме водите и почвата на нашата земја. Се гасифицираат домаќинствата.
-Екологијата и одржливиот развој остануваат висок приоритет на Владата предводена од СДСМ и локалните самоуправи, бидејќи чистиот воздух, водите и здравата животна средина се реална потреба на жителите на секоја современа општина која тежнее да биде модерно, удобно и европско место за живеење, дециден е Николовски.
