Николовски: Државата 100% ќе ја покрие нафтата за земјоделска механизација

-Направивме многу за земјоделството за кратко време и горд сум на тоа. Но можеме уште повеќе и можеме уште подобро. Во новиот мандат имаме големи планови за македонското земјоделство, порача денес генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски по посетата на терен на градежните активности на браната Конско во Гевгелија, која ќе овозможи големи бенефити за земјоделството во тој регион.

Освен тоа тој појасни за идните планови во однос на зелената нафта за земјоделците.

-Нафтата што се користи за земјоделска механизација ќе биде 100% покриена од државата како подршка за земјоделците. 100% покриена Зелена Нафта! Земјоделците годишно ќе добиваат 200 милиони евра за нивната дејност и за рурален развој, а во руралните средини ќе ги подржиме микро и малите претпријатија со по 10.000 евра за нивно развивање. – истакна Николовски. 

Николовски, со искуството на поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, порача дека продолжува силната поддршка за македонското земјоделство.

-Мораме да одиме напред. Во големото друштво на Европската Унија мора да си го најдеме нашето место. А земјоделството е една од гранките што носи такви предности. Она што ќе не направи достојни за тоа друштво и она што ќе ни даде вредност, ќе не направи различни. – дециден е Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e