Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска беше во Прилеп каде што разговараше со откупните претпријатија и здруженијата на тутунопроизводителите, на два месеца до завршувањето на законскиот рок на договорното производство за откуп.
Досега се откупени околу 74 отсто или 16.500 тони тутун, истакна Николовски.
„Продолжуваме да го вреднуваме трудот на тутунарите, да создаваме поволна бизнис клима за откупните претпријатија, и да сме целосно посветени кон тутунопроизводството како една од најзначајните гранки за 🇲🇰 македонското земјоделство“, посочи Николовски.