Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска присуствуваше на презентацијата на проектот на Европската Унија за „Поддршка на државната реорганизација“ кој ги одредува дискреционите овластувања на функционерите.
-Препораките од овој проект, ќе бидат добар патоказ за креирање на идните мерки за одржлив функционален систем.
Оваа Влада покажа дека може да се работи чесно, одговорно и транспарентно, дека институциите може да бидат отворени за граѓаните, порача Николовски.
Тој додава дека во Планот за борба против корупција имплементирале мерки со кои системски ја ограничуваат работата на функционерите.
-Донесовме одлуки за ограничување на службените трошоци за угостителски услуги за работни состаноци и за ограничување за користење на службените возила. Со измени на Законот за јавни претпријатија и јавни установи се намалува бројот на членови на управни и надзорни одбори, се регулира начинот на нивниот избор и се ограничува нивниот надоместок.Транспарентноста на Владата и на институциите ја кренавме на највисоко ниво, вели вицепремиерот Николовски.
