Денеска Агенцијата за управување со одземен имот се вселува во нови, модерни простории, кои одговараат на потребите на вработените и ги задоволуваат сите професионални стандарди, соопшти вицепремиерот Љупчо Николовски.
-Со мојот тим бевме силно заложени за што поскоро решавање на ова прашање кое е потребно за ефикасно спроведување на Националната стратегија за водење финансиски истраги и конфискација на имот, која ја промовиравме минатата недела. Ќе продолжиме да се бориме за обезбедување на сите ресурси потребни за непречено работење на институциите!, порача Николовски.
Продолжуваме да инвестираме во зајакнување на институционалните капацитети и ефикасноста на државните институции, дециден е вицепремиерот.