59 години од катастрофалниот земјотрес кој го разруши градот Скопје, и однесе над 1000 животи, а најголемиот дел од граѓаните останаа без своите домови.
Помошта што ја прими градот Скопје од сите страни на светот во тие тешки времиња за нашите граѓани, покажува колку е значајна светската солидарност и поддршката што сите треба ја даваме меѓусебно.
Денес, и во иднина со тага се сеќаваме на 26.Јули 1963, за да не потсетува на кревкоста на животот, но и на подадената рака за помош од целиот свет. Во спомен на сите кои ги изгубија своите животи, со надеж дека вакви катастрофи никогаш повеќе нема да се повторат.
ФБ статус на Љупчо Николовски
