На денешната комисија за именување разгледувавме апликации за 6 огласи за директорски и заменик директорски места, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Кандидатите ги доставија своите биографии, мотивациско писмо, план и програма за работа и сите останати потребни документи.
Основата за овој нов модел на избор на директори е поставена, ова мора да стане нормален и очекуван процес на поставување функционери во нашата држава.
Како претседател на комисијата за именување, ќе се осигурам ваквиот процес на назначување да стане правило и понатаму“, нагласи Николовски.