“Денеска во 17:15 часот ќе гостувам во емисијата „Што мисли народот“ на локалната телевизија ТВ Стар од Штип. Ќе разговараме за Планот за живот на Македонија, нашата визија за земјоделството и ќе одговарам на сите поставени прашања од страна на граѓаните. А потоа од 18:30 часот ќе бидам меѓу граѓаните на Штип.” – напиша во најавата за гостувањето дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој воедно ќе биде носител на листата на опозицијата во ИЕ 3.