Николовски: Денес ги славиме македонските револуционери и прогресивната интелигенција, кои ги посветија своите животи на идеалот за татковината!

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, упати честитка по повод денот на македонската револуционерна борба!

-Денес ги славиме македонските револуционери и прогресивната интелигенција, кои ги посветија своите животи на идеалот за татковината! Денес им оддаваме почит на татковците што ги поставија темелите на современата македонска држава. Наша должност и чест е да чекориме по нивните стапки и да се водиме според нивната визија.
Нашата историја е вековна. Нашата борба е чесна и благородна. Затоа и ќе продолжиме да го носиме бајракот на победата кој се предава од генерација на генерација – од првата Македонска револуционерна организација во 1893 година, Илинденското востание во 1903 година, АСНОМ во 1944, па сѐ до денес, кога одбележуваме 80 години од народното востание и 30 години од независноста.
Нека ни е честит 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба! – стои во честитката од Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e