Николовски: Делата на Свети Кирил и Методиј се обединувачки фактор и големо цивилизациско богатство

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

„Ви го честитам 24 мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.
Со нивната благородна мисија и дело, браќата Кирил и Методиј дадоа огромен цивилизациски придонес за словенските народи, за македонскиот народ, за Европа и светот.
Свети Кирил и Методиј имаат значајна улога во поставувањето на темелите на писменоста на сите словенски народи. Како основачи на првото словенско писмо Светите браќа оставија големо цивилизациско богатство и за македонскиот народ.
Нивната работа, мисија и придонес се светска придобивка којашто треба да обединува и облагородува. Затоа што и нивната мисија имала обединувачка улога.
Почитувањето на делото на Свети Кирил и Методи е обединувачки фактор на сите словенски и други народи.
Како нивни должници и како должници на нивните следбеници, оваа генерација македонски политичари го почитува и се поклонува на нивното дело.
Работиме на заштита, унапредување и збогатување на македонскиот јазик како темел на македонскиот идентитет, на нашата посебност.
Нека ни е честит Денот на Светите Кирил и Методиј!“, напиша Николовски во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e