Претседателот Стево Пендаровски имаше одлично годишно обраќање кое препорачувам да го погледне секој, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„За време на целиот кризен период предизвикан од коронавирусот и за време на борбата која се води на меѓународен план за чесен и достоинствен влез во Европската Унија, претседателот стоеше како голема поддршка, секогаш подготвен за совет, мудрост и разговор. За тоа сме му крајно благодарни.
Како што самиот тој посочи, ниту власта, ниту опозицијата не сакаат и нема да дозволат да се тргува со идентитетот“, посочи Николовски.
„Да ги оставиме тие празни муабети зад нас и да гледаме нанапред. Да се обединиме во ставовите и да продолжиме да го чекориме својот пат кон ЕУ и покрај бројните неправди што сме ги искусиле на истиот тој пат во минатото и сегашноста. Нашиот јазик и идентитет се меѓународно признаени и потврдени. Главата ни е крената и така ќе продолжиме понатаму.
Државниот и политички врв нема меѓусебни недоразбирања, туку комплетно единство. Зад нас е тешка година во која сепак, имавме и многу успеси. Но, сплотени ќе направиме идната да биде многу посреќна и со подобри резултати за сите нас“, потенцираше Николовски.