Николовски: Да го симнеме превезот на тајноста и да ги расветлиме криминалните дејности!

Денес го одбележуваме 9 декември, Меѓународниот ден за борба против корупција.

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, дециден – да ставиме крај на корупцијата! Да создадеме подобро утре за сите нас. Да го симнеме превезот на тајноста и да ги расветлиме криминалните дејности! Само така ќе има правда!
-Корупцијата влијае на општествениот, политичкиот и економскиот развој на цели народи. И развиените и неразвиените земји се ранливи на корупција, а таа е најголема, таму каде што демократските вредности се слаби.
Меѓународниот ден за борба против корупцијата е ден кога владите, стопанството, граѓанските организации и целото општество треба да ја потврдат својата посветеност да работат заедно за да стават крај на разорното влијание на корупцијата врз животите на луѓето, порача вицепремиерот во објава на својто официјален фејсбук профил.
-Корупцијата е закана за функционирањетo на системот, владеењето на правото, за буџетот, за економскиот развој и најважно, за животниот стандард на граѓаните во секоја држава.
Сега се е јавно! Корупцијата не се исплати!
Твое право, твоја должност: Кажи НЕ за корупција! – порачува Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e