Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски посочи дека Владата донесе нови построги мерки за заштита на здравјето на граѓаните и запирање на ширењето на новиот сој на вирусот.
Вакцинирањето е во тек, непречено тече масовната имунизација, истакна Николовски.
„Важно е сите да бидеме крајно внимателни, да се заштитиме себеси, да им помогнеме на здравствените работници и да го запреме ширењето на вирусот“, посочи Николовски.
