Како координатор на инспекциските служби, пред почетокот на спроведување на новата одлука за забрана за движење на населението и возила од јавен превоз од 22.00 часот до 05.00 часот наредниот ден, ги задолжив инспекторатите за засилени контроли и надзори на терен во периодот кој следи, нагласи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„На првиот ден од полицискиот час, Државната пазарна инспекција изврши 724 контроли и надзори во угостителски објекти при што беше затворен еден угостителски објект во Тетово“, истакна Николовски.
Николовски повикува и апелира на почитување мерки и протоколи за заштита од коронавирусот!
„Да бидеме дисциплинирани и одговорни. Да го штитиме своето здравје и здравјето на другите! Секој, кој несовесно и недоговорно ќе го загрози јавното здравје, ќе биде санкциониран!“, потенцираше Николовски.