Николовски: Цветков нема храброст да ги соочи фактите и аргументите со мене

Дополнитлениот заменик министер за земјоделство Љипчо Николовски повторно го повика министерот за земјоделство  Михаил Цветков на соочување пред јавноста.

Николовски вели дека еден месец, министерот нема храброст да ги соочи фактите и аргументите со него.

-Наместо да се фокусира на проблемот со лозарите и откупот на грозјето, министерот Цветков на синоќешната дебата на МТВ зборуваше за климатските промени.Да го потсетиме Министерот, грозјето не е собрано, ниту има пласман, ниту е исплатено, а единствени виновници за ова се МЗШВ и Владата на РМ. Мерката за помош на винарските визби, која се однесува само на ограничено количество откупено грозје, не значи ништо за лозарите.Министерот Цветков потенцираше дека има државен инспектор 24 часа на терен на откупните пунктови.

Но, инспекторите беа пратени на терен за да вршат притисок и да спроведуваат одредби од закон што не постојат.Владата, наместо постојното законско решение за исплата за 3 месеци, преку ноќ го смени законот и предвиде исплатата на лозарите да се врши од 6 до 8 месеци по предавањето. Овие измени се на директна штета на лозарите- вели Николовски.

 Николовски го повикува министерот да не најавува  состаноци во јануари 2017-та година, туку да се занимава со реалните проблеми на земјоделците и состаноците да не се пред проблемите што ги мачат лозарите.

-Очигледно и синоќа, софтверската манија повторно го зафати министерот Цветков. И во извештајот на Ревизорот е констатирано дека и покрај тоа што постои софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку која ќе се следи пазарната цена на земјоделските производи, тој софтвер не функционира! – подвлекува Николовски.

Тој порача дека единствено решение, согласно Законот за земјоделство и рурален развој е Владата веднаш да донесе мерки за интервентен откуп на вишокот грозје заради стабилизација на пазарот.

-Јас, како дополнителен заменик министер и мојот тим ќе продолжиме да работиме во интерес на земјоделците и нема да дозволиме манипулации и злоупотреби да се прават врз нивниот грб.По 11-ти декември, земјоделците ќе ја почуствуваат вистинска грижа за нив- рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e