Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски попладнево беше во посета на Општинската организација на СДСМ во Kрaтово, меѓу граѓаните, членовите, сопартијците.
„Социјалдемократскиот Сојуз ја има поддршката и во Кратово! Членството се ажурира, но пристапуваат и нови членови кои ги поддржуваат нашите политики и визии.“ – рече Николовски по средбата.
„СДСМ континуирано се подобрува, расте и се менува. Модерна СДСМ која ужива доверба кај граѓаните.
Работиме посветено, вредно и чесно! Со граѓаните, за граѓаните и за државата!“ – нагласи генералниот секретар на владејачката партија.