Николовски: Членството НАТО и ЕУ ќе гарантира безбедна храна за граѓаните и подобра благосостојба на животните

Ветеринарната медицина како дисциплина има големо значење за здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, затоа и  Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, интензивно работи на подобрување на благосостојбата на животните ни обезбедување на безбедна храна на граѓаните, истакна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој присуствуваше на 5-ти состанок на Меѓународниот Конгрес на групацијата ,,Вет-Истанбулска група“ и  8-миот Меѓународен научен собир “Денови на ветеринарна медицина 2018” кој се одржа вчера во Охрид.

img_8777

Николовски посочи дека во исполнувањето на сите цели за развој на ветеринарната медицина, од исклучително значење е учеството на науката и на Факултетот за ветеринарна медицина, како институција чии што експертски ставови имаат важна улога во креирањето на идните политики за заштита на  здравјето на животните, благосостојбата и репродукцијата на животните, како и јавното здравје и безбедноста на храната.

„Признание за мерките во делот на ветеринарната медицина, добивме и од Европската комисија на последната меѓународна конференција за  „Прекугранични болести кај животните во Европа“, што неодамна се одржа во Брисел. Европската комисија, ја пофали Македонија за мерките кои што ги преземаме и кои во најголем дел се усогласени со европските регулативи. Посебно признание како држава добивме за начинот на спроведувањето, заштитата но и за применетите политики при појавата на болеста јазлеста кожа во 2017 година, што за нас претставува доказ дека се движиме по вистинскиот пат. Македонија, веќе има воспоставено систем за  информирање и брзо откривање, односно воведени се мониторинг програми за детекција на овие болести, обуки со одгледувачите и издадени се прирачници за јавноста“, изјави министерот Николовски.

img_8072

При тоа, Николовски потенцираше дека овој период кога државата се наоѓа на чекор до членството во НАТО и ЕУ, заедно со АХВ интензивно се работие на усогласување со ЕУ регулативи од оваа област, а влезот во НАТО и ЕУ ќе значи уште поголема сигурност во делот на безбедноста на храната за луѓето и благосостојбата на животните.

На конференцијата беше присутен и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, кој ги презентираше активностите што АХВ ги презема во областа на ветеринарната медицина. Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Лазо Пендовски,ги презентираше наушните истржувања и проектите на кој работи факултетот, а кој што во голема мерка влиаат врз унапредување на ветеринарната медицина. Оваа година на конференцијата присустваа и многу странски експерти,кои ги презентираа своите научни трудови во оваа област.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e