-Четири години од крвавиот четврток, се уште се свежи сеќавањата на тој 27 април, на неизвесноста, на тензиите, насилството… Но, и на одлучноста да не отстапиме од борбата за подобра иднина на народот, дури и кога нашите животи беа загрозени, порача на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
-На крвавиот четврток сите сводечевме до каде може да отиде омразата, поделбите, желбата за пресметка со оние кои мислат поинаку. Државата беше на раб на граѓанска војна само затоа што режимот не сакаше да си замине од власта која ја злоупотрбуваше цели 11 години, вели Николовски.
-Ја добивме битката на 27 април, насилството беше поразено, победи доброто над злото. Денес ја нема тензијата, ја нема неизвесноста, одиме напред. Ама одлучноста се уште е тука, силно присутна кај сите нас, кај сите прогресивни граѓани. Одлучност за правда, за праведност, за напредок. Одлучност за граѓаните и државата, дециден е вицепремиерот.
-Никогаш да не се заборави и никогаш повеќе да не се дозволи нов црн датум во македонската историја. – порача тој.
