Николовски со честитка за Св.Трифун: Продолжуваме со помош и поддршка на лозарите и за малите семејни винарии

Вицепремиерот Љупчо Николовски денеска на сите лозари им го честита денешниот празник, Свети Трифун!
„Зад нас е година полна со предизвици, предизивикани од глобалната пандемија на коронавирусот, што влијаеше на речиси сите сектори во земјава и секако на земјоделието. Но, СДСМ како партија која ги предводи Владата и институциите, покажа вистинска грижа за лозарите и веднаш презеде мерки за помош и поддршка.“ – посочи Николовски, потенцирајки дел од мерките што ги преземаат за помош и поддршка на лозарите и за малите семејни винарии.
-На почеток на производство за новата, овогодинешна реколта, исплатени се субвенциите за лозарите. Над 8 милиони евра на сметка на лозарите, навреме. Да можат успешно да започнат со производство. Покрај редовните субвенции, Владата издвои 6,7 милиони евра за санирање на штетите и последиците од ковид пандемијата, за производството, откупот на грозје и винската индустрија. Лозарите добиваат и дополнителни 2 ден по килограм предадено винско грозје во преработувачки капацитет за сортите Вранец, Смедеревка, Станушина, Кадарка, Кратошија, Бургундец и Жилавка. – вели Николовски.
Тој потсети дека успешно се реализира и проектот Млад земјоделец со поддршката од 20 000 евра неповратни средства.
„ Како одговорна, правничка партија, градиме партнерски однос со земјоделците ги следиме нивните потреби и ги решаваме сите предизвици. Така и ќе продолжиме. Нека е честит и вековит Свети Трифун.“ – рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e