Во Касарната „Илинден“ денеска, со положување на цвеќе на споменикот на загинатите борци, подигање на новото знаме, доделување на плакети и прикладни говори од страна на високи функционери, беше одебележана 40-годишнината од формирањето на Единицата за специјални задачи „Тигар“, сега преименувана како Специјална антитерористичка единица „Тигар“.
Вицепремиерот Љупчо Николовски на социјалните мрежу упати честитка до сите припадници на единицата.
„На сите припадници на Специјална единица Тигар им го честитам јубилејот – 40 години од формирањето.
Како најсовремена професионална формација, обучена и подготвена за секој предизвик, секојдневно давате придонес за национална безбедност, за борба против високиот криминал, против тероризмот и екстремизмот.“ – пишува Николовски.