Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска упати честитка по повод Денот на полицијата.
-На овој ден, Денот на македонската полиција, упатувам честитки до сите полициски службеници за посветеноста, пожртвуваноста и големата должност која им е доверена, како заштитници на народот. Продолжете да бидете сервис, верен пријател на граѓаните.
Нека е честит 7-мај Денот на македонската полиција, стои во неговата честитка.