Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски упати честитка по повод денешниот празник – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
„Нека е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј! Денеска ги славиме поради нивниот придонес, обединувачки пораки и мисии. Нивните достигнувања се веќе дел од европското културно и духовно наследство. Со успешна борба за признавање на словенското писмо и јазик, Св.Кирил и Методиј го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик, помогнаа за културно и духовно прогледување на многу народи ширум светот.“ – порача Николовски.