Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски упати честитка по повод денешниот празник – Денот на независноста:
-Нека е честит 8ми Септември, Денот на независноста. Денеска ја живееме слободата и демократијата на нашата независна татковина, како дел од најмоќниот безбедносен сојуз НАТО. Денеска градиме правна држава со развојна економија со услови за работа тука, дома за секој млад човек, градиме безбедна иднина за секого, и храбро ги премостуваме сите предизвици. Денес, гордо исправени пред светот како Македонци со заштитен македонски идентитет, чекориме кон европското семејство. 31 година градиме слобода, стабилност, развој и напредок.
Да живее Република Северна Македонија, за многу нека е овој ден! – напиша Николовски.
