Николовски: Буџетот за МВР за 2021 година целосно ги одразува заложбите и приоритетите за системско реформирање на полицијата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска го посетија реконструираниот објект на Одделението за внатрешни работи во Крива Паланка.
Nikolovski2Благодарение на полициските службеници кои беа ангажирани за зачувувањето на јавниот ред и мир, цела новогодишна ноќ измина мирно, без поголеми нарушувања, истакна Николовски.

„Би сакал да се заблагодарам до Министерството за внатрешни работи кое во исклучително тешки пандемски услови одговори на сите задачи и ефективно овозможи максимална заштита и грижа за граѓаните на Република Северна Македонија.

Денеска, заедно со Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски извршивме увид во реконструкцијата на ОВР Крива Паланка, објект врз кои за прв пат се интервенира откако е во владение на МВР.
Како Влада, се грижиме за создавање подобри услови за работа. Обезбедивме средства за исплата на бонус плати за вработените во МВР за три години, а Буџетот за МВР за 2021 година целосно ги одразува заложбите и приоритети за системско реформирање на полицијата, како еден од круцијалните фактори за просперитет на државата“, посочи Николовски.
Nikolovski11

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e