Николовски: Брзиот автобуски превоз е прогресивна идеја која мора што поскоро да биде дел од нашата сегашност и реалност

Што претставува БРТ системот на јавен превоз и зошто Градот Скопје го одбра токму овој модел на јавен транспорт како најдобро, најбрзо, најбезбедно и најисплатливо решение за Скопје беа главните прашања кои се дебатираа на денешната презентација на системот за брз автобуски превоз во Скопје, што се одржа во хотелот „Хилтон“.
На презентацијата присуствуваше и вицепремиерот Љупчо Николовски.
-Брзиот автобуски превоз е прогресивна идеја која мора што поскоро да биде дел од нашата сегашност и реалност.
Ваквиот концепт на јавен превоз има безброј придобивки за граѓаните, почнувајќи од побрз и поефикасен транспорт меѓу две точки, можноста за целосно ослободување од сообраќај на одредени градски подрачја, па се до придонес кон долгорочниот стремеж за намалување на емисиите на CO2. Му честитам на градоначалникот Шилегов за храброста за отпочнување на еден ваков зафат. Транзитираме брзо кон урбана, европска метропола!, порача Николовски по презентацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e