Николовски со брза реакција: Веќе се постапува по случајот во кој беше нападнат Бислимоски

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски извести дека веќе се постапува по случајот во кој  физички  беше нападнат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
-Го осудувам синоќешниот напад врз претседателот на РКЕ. Веќе се постапува по случајот. Ова е правна држава каде институциите постапуваат еднакво за сите, пред законите сме сите еднакви, а несогласувањата може да се решаваат единствено преку процедурите и институциите на системот, порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e