118 години од смртта на најголемиот македонски син, револуционер и херој Гоце Делчев, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Борбата за слобода и независност, за правда и еднаквост се идеалите на Гоце по кои се воделе, се водат и ќе се водат генерации Македонци.
Денеска, но и секој друг ден во годината, оддаваме почит на ликот и делото на македонскиот великан, Делчев кој нѐ има задолжено сите нас.
Неговите дела и идеали остануваат водилка во нашата посветената работа за граѓаните, за напредокот на државата, за правдата и правичноста.
Слава Му!“, нагласи Николовски.
