Николовски: Благодарение на храброста на нашите борци херои, денеска живееме во демократска држава

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски упати честитка по повод 9ти Мај Одбележуваме голем и значаен ден, 9 ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

„Одбележуваме голем и значаен ден, 9 ти Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Темелите на нашата државност почиваат на антифашистичката борба против тиранијата и злосторот. Благодарение на идеалите, визијата и храброста на нашите борци херои, денеска живееме во слободна, мирна и демократска држава.
Стремежот и идејата за Европската Унија и европското семејство останува, затоа што нашата земја таму и природно припаѓа. Нека е честит Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, 9ти Мај“, посочи Николовски во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e