Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска заедно со директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, им ги врачија клучевите од новите комбајни со сецкалици за ориз на Слаѓана, Благојче, Орце и Валери.
Ова се само 4 комбајни од вкупно 25, кои се одобрени на последниот јавен повик во вредност од 32 милиони денари, од кои 17,8 милиони денари кофинансирани преку мерката “Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства”.
-Со овие инвестиции го модернизираме и олеснуваме производството, влијаеме во намалувањето на производствените трошоци, и помагаме во зголемување на квалитетот и квантитетот во оризопроизводството. На апликантите им посакувам да имаат многу успешни жетви, и богат род од нивните оризови полиња, порача министерот Николовски.