-Заврши времето кога имаше еден судија, еден обвинител, еден извршител и кога целата моќ беше во него и не се почитуваше закон, устав или надлежност, порача денеска од собраниската говорница вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски, потенцирајќи, дека, како што рече, правдата е тука и сега секоја институција постапува согласно нејзините законски надлежности и овластувања.
-Во случајот со докторот Асани беа покренати соодветни постапки, најнапред од институциите кои јас ги кооридинирам согласно надлежностите, пред било кој медиум и пред опозицијата. Излегов за овој случај прв и ги презедов сите чекори согласно овластувањата. Побарав од ДЗИ да ги спроведе потребните контроли и веднаш, експресно, во рок од 24 часа беше издадено решение за забрана за вршење здравствена дејсност во ординацијата. Беа покренати соодветни постапки од институциите и се информираше ЈО. Тоа е завршено комплетно, има постапки пред надлежни правосудни органи. Конечно Асани е разрешен од позицијата, појасни денеска Николовски.
-Значи секаде, во било кој случај каде што е констатирано некакво прекршување на законите се постапува. Нема компромиси и нема недопирливи, дополнува тој.
-Знам дека нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ е голема, не успеа да ја спречи правдата. Наместо невистини очекував поголема загриженост од ВМРО-ДПМНЕ за расчистување целосно на случајот „Плацеви на Водно“ каде што токму ВМРО ДПМНЕ е оштетена со 1,3 милиони евра или како тоа од партиската каса се купувале станови, рече Николовски во својот говор.
