Николовски: Апелирам на одговорност, трпеливост и дисциплинираност, компромиси и селективност нема да има!

Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за движење на населението и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22.00 часот – 05.00 часот наредниот ден, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Како координатор на Инспекциските служби ги задолжив за засилена акција и теренско дејствување во периодот кој следи. Компромиси и селективност нема да има!
Апелирам на одговорност, трпеливост и дисциплинираност! Да ги почитуваме мерките и препораките! Борбата со пандемијата од коронавирусот е предизвик за сите!“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e