На денешната седница на Владата донесе одлука за прогласување на тридневна жалост на територијата на целата земја, во знак на сочувство и почит кон жртвите од трагичниот настан во болницата во Тетово.
Воедно донесен е заклучок со препорака стручните тимови на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство да се стават на максимално располагање на обвинителството во истражните постапки.
Уште еднаш изразувам најдлабоко сочувство кон семејствата и роднините на загинатите сограѓани и им посакувам брзо закрепнување на повредените и упатувам апел за солидарност, смиреност и конструктивност во овие тешки мигови.
ФБ статус на вицепремиерот Љупчо Николовски