Десетте приоритети од Акција 21 на Владата на РСМ за 2021 година по кои работиме, дејствуваме и ја имплементираме Европа дома, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Продолжуваме со внатрешното реформирање затоа што нашите стратешки цели остануваат исти. Ги утврдивме целите кои се од најголем интерес за граѓаните и тоа се принципите кои ќе не водат во наредната година.
Не го менуваме ставот и продолжуваме со уште посилен интензитет. Активно, посветено и единствено работиме за да создадеме подобар дом за секој македонски граѓанин“, нагласи Николовски.