Николовски: Акцијата за заплена на нелегален тутун ја спроведоа институциите врз кои имам координативна надлежност

-Очигледна е нервозата кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и станува се поголема. Не нудат решенија во интерес на граѓаните или развојот на државата, си тера иста матрица за ширење невистина и обиди за одбрана на криминал, порача денеска од собраниската говорница вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски.
-Акцијата за заплена на нелегален тутун ја спроведоа институциите врз кои имам координативна надлежност како Вицепремиер за борба против корупцијата и криминал и целосно ја расчистија. Поднесена е и Кривична пријава.
Уште на почетокот на февруари Царинската управа презела мерки и известила надлежни органи за се она што го констатирале, се она што е истражено. Многу пред на овој случај да им текне на ВМРО-ДПМНЕ или да нешто излезете во јавност. – вели Николовски, додавајќи:
-Значи неселективно, бескрупулозно излеговме и констатиравме се, со соодветни пријави. Не е само овој случај и не е само оваа акција, запленети се 146.278 килограми тутун, внесен во државата како необработен и е пуштен незаконски во промет. Поднесени се кривични пријави по основ на неплатена акциза близу од 5 милиони евра вкупно. Тоа е веќе направено. Ние така работиме, чесно, отчетно и одговорно. – појасни пред пратениците вицепремиерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e