Николовски: Со „Агенда: Европа дома“ покажуваме и докажуваме дека местото на нашата држава е меѓу европското семејство

На денешната владина седница беше усвоен документот „Агенда: Европа дома“, со која се потврдува нашата одлучност да се имплементираат европслите стандарди и вредности во секој сегмент од нашето општество. Во Агендата се претопени нашите приоритети и заложби, како и роковник со утврдени активности и носители на тие активности за унапредување на институциите и системите. Реформите се спроведуваат принципиелно, системски и темелно. – порача на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски.
На овој начин обезбедуваме подобри услови и подобар живот за граѓаните! Покажуваме и докажуваме дека местото на нашата држава е меѓу европското семејство. – вели Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e