Николовски: 11 Октомври е симбол за стремежот на нашиот народ кон слобода, едваквост и правда

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска, како дел од владината делегација, беше дел од одбележувањето на 80-годишнината од Денот на народното востание – 11 Октомври.

-Денеска, во Прилеп маршираме во чест на жртвите што ги даде градот во борбата против тогашниот фашизам. Тие жртви никогаш не се забораваат, тие ја донесоа слободата! 11 Октомври е симбол за стремежот на нашиот народ кон слобода, едваквост и правда. Денес, ги живееме овие вредности во слободна, демократска, европска држава, членка на НАТО. – рече Николовски.

-Аманетот на нашите предци го исполнивме. Создадовме македонска држава на еднакви граѓани, признаена од целиот свет, со сигурна и стабилна иднина, порача вицепремиерот.
-Со Најдоброто да продолжиме по тој пат. Пат на вистински патриотизам кој носи подобар живот за сите граѓани!
СДСМ го има Најдоброто за Прилеп, Горан Сугарески! На 17-ти да го заокружиме бројот 12, за уште една голема победа, дециден е Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e