Николовска: Ние граѓаните не ги делиме по етничка, национална или каква било друга припадност и тоа го покажавме изминатиот период

Во вечерашното дебатно соочување на телевизија Телма, Фаница Николовска, кандидат за пратеник на кандидатската листа во изборната единица 6 од редовите на СДСМ, односно коалицијата “Можеме”, истакна дека за СДСМ како политичка партија целосно е ирелевантна етничката припадност на членовите и дека низ годиниве покажале дека партијата го цени исклучиво квалитетот и способноста на кандидатите.

“Сметам дека досега сите влади во нашата држава биле коалициски, ние излегуваме со чесна понуда пред граѓаните и однапред го соопштивме нашиот коалициски партнер. Ние граѓаните не ги делиме по етничка, национална или каква било друга припадност и тоа го покажавме изминатиот период. Во нашата партија членуваат луѓе од најразлични националности: Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци и др. Имаме и министри и директори на јавни инстируции и ние ги цениме по тоа дали тие личности се способни, односно имаат вештини да ги водат тие институции. Само така сметаме дека можиме да одиме напред и на граѓаните да им овозможиме еднаков пристап, еднакви права и обврски и еднаквост на сите граѓани пред законот. Шестата изборна единица е најразнолика, најмногу националности се застапени, сме живееле и понатаму ќе живееме заедно со еднакви права и еднакви обврски” – изјави Николовска.

Запрашна за коментар за идејата за Албанец-премеир, Николовска со став:

“Во однос на прашањето за Албанец-премиер апсолутно не треба да се потенцира етничката припадност на кандидатот и се согласувам дека победникот на изборите ќе го даде кандидатот за премиер. Ние веќе кажавме кој е нашиот кандидат за премиер и тоа е нашиот конечен став” – истакна Николовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e