Во вечерашното дебатно соочување на телевизија Телма, Фаница Николовска, кандидат за пратеник на кандидатската листа во изборната единица 6 од редовите на СДСМ, односно коалицијата “Можеме”, истакна дека СДСМ за следниот период нуди развојни програми со кои ќе се решат многу прашања како во државата, така и во ИЕ 6, со посебен акцент на екологијата и политиките за младите.
“СДСМ нуди нови развојни програми, воведуваме нова македонска економија со зголемен број странски, но и домашни инвестиции, поддршка и за странските инвестиции тука, но и за домашниот приватен сектор којшто навистина треба да се развива и државата тука треба да даде приоритет со цел да им се помогне на приватниците да го развиваат тука својот бизнис. Друг столб во програмата ни е воведување на ред, дисциплина и правда, продолжуваме со реформите во правосудството и во администрацијата, градиме еко-држава и во тој сегмент имаме планирано многу нови проекти кои ќе им овозможат на граѓаните здрава животна средина затоа што граѓаните заслужуваат да живеат во здрава животна средина. Во тој сегмент би сакала да истакнам неколку приоритетни проекти, а тоа се субвенции за набавка на соларни панели за граѓаните и филтри за индустриските капацитети за кои знаеме дека многу го загадуваат воздухот. Исто така, за 60 000 домаќинства обезбедуваме бесплатни еко-инвертери, градиме регионална депонија во шестата изборна единица што конечно ќе го реши проблемот со комуналниот смет, а од економските мерки посебно би сакала да ги истакнам мерките кои се однесуваат на младите бидејќи младите се иднината на нашата држава и тие заслужуваат во нашата држава да има сигурност и стабилност. За младите предвидуваме грантови за започнување на сопствен бизнис во висина од 5 до 15 илјади евра, ќе отвориме младински културни центри во сите општини, воведуваме старт-ап центри со цел да им се обезбеди поддршка на младите претприемачи” – истакна Николовска.