Измени како оние што се предложени за Изборниот законик не се носат без консензус и добро е да се соочат стравовите на сите пратеници, смета пратеничката од ЛДП, Јулиана Николова, која е дел од групата пратеници кои предложија измени со цел една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност на листите, пренесува Стандард.
Во изјава за Стандард, пратеничката истакна дека овој процес, кој е добар за демократизација на државата заслужува дебата, а потоа и гласање во Собранието. Жали што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, партиите кои со илјадници амандмани ги блокираа измените денеска не се појавија на дебатата која се одржа во рамките на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, додека се чека амандманите да бидат преведени и ставени во собранискиот систем, а потоа да започне јавната расправа.
„Со направената симулација можевме да видиме дека големите партии како СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ би имале помалку пратеници ако на минатите избори се гласало во една изборна единица. Сепак СДСМ се одважи и ги прифати предложените измени во Изборниот законик. Не сакам да верувам дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги ставаат партиските пред државните интереси и жалам што не дојдоа на расправата да ги изнесат своите агрументи, но и да предложат свои идеи, вели пратеничката Николова за Стандард.
Целиот текст прочитајте го на Стандард.мк