Николоски: Ние доаѓаме да направиме комплетен рестарт

Откако, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски се одлучи да биде шпицен кандидат за премиер, улогата на директно соочување со Зоран Заев ја презема токму Николоски, кој е убеден дека „Оновата на Македонија“ е реалност која ќе се случи по 15 јули.

-Обновата подразбира целосен рестарт на системот. Рестарт на правниот систем, економијата, образованието, стопанството, здравството, сѐ она што живот значи за граѓаните, вели Николоски во интервјуто за Прес24.

Тврди дека актуелната власт води политика заснована на нереален ПИ АР, плешејќи ги граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ како зло во државата.

-Немајќи никаква визија за државата и реалните проблеми на граѓаните, тонејќи во својата безидејност и криминал, смсислуваат приказна за некакво заплашување на народот. Навистина не знам на кој европски пат е вратена Македонија, доколку некој мисли дека „европскиот пат“ подразбира криминал и рекет од страна на Заеви тогаш може слободно да каже дека е на европскиот пат. Но европскиот пат е сосема нешто друго, тој не подразбира криминал, корупција, уцена, замолкнати медиуми, заплашени граѓани и репресија врз сите неистомисленици, па следствено на тоа не може да се заклучи дека има тука некакви демократски процеси туку напротив, Македонија е во хибриден режим, вели Николоски.

-Во здравството изминативе месеци повеќе гледавме врвен ПР отколку врвно менаџирање со кризата. Ваква светска здравствена криза кај нас се искористи за промоција на политичари. Истата таа ПР машинерија по наредба на властите ги обвини граѓаните за ширењето на вирусот. Според Заев и СДСМ од 7 милијарди жители на планетава само Македонците се криви и недисциплинирани.Ние доаѓаме да направиме комплетен рестарт на ова, вели Александар Николоски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во И.Е.4и за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e