Никола Тодоров вчера свечено ја отвори својата адвокатска канцеларија, сместена во скопската населба Капиштец. На социјалната мрежа Фејсбук пријателите на Тодоров ја објавија оваа информација.
Никола Тодоров е дипломиран правник, а во владите на ВМРО-ДПМНЕ беше министер за образование и министер за здравство, а потоа и пратеник.
По оставката од пратеничкото место (во мај годинава) Тодоров напиша дека одлучил во иднина да се посвети на неговата основна професија, адвокат и да даде поголем придонес во партиските активности.