Никој не е над законот: Уапсен вработен во Кабинетот на министерот Спасовски

МВР соопшти дека уапсен е вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски поради сомнение за злопотреба на службената положба.

-По налог на ОЈО, денеска од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од КЗ “Злоупотреба на службена положба и овластување, велат од МВР.

Како што дознава „Фокус“ од свои извори, уапсениот Драган С. во изминатиот период му бил советник на министерот, а претходно целеше на директорската позиција во СВР Скопје.

Од МВР не соопштуваат многу детали за апсењето, бидејќи единствено посочуваат дека по налог на Основното јавно обвинителство вработен во кабинетот на министерот бил лишен од слобода под сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.

Неофицијално се шпекулира дека советникот бил упасен за мито.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e