Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2018 година, четврток, „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Исто така 23 мај 2018 година, среда, Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во земјава.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓанитеим го честита празникот на сесловенските просветители, додека пак на граѓаните припадници на влашката заедница во Македонија им го честита Националниот ден на Власите.