Кандидатот за градоначалник на Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, по завршувањето на вториот круг од локалните избори најави дека се повлекува од политиката.
Тој синоќа му ја честиташе победата на својот противкандидат Арбен Таравари.
Благодарам на поддршката, но мнозинството на граѓаните решија поинаку. Ние изгубивме и му ја честитам победата на мојот опонент. Ние како огранок ќе продолжиме со нашата политичка борба за идните генерации. Ние работевме за доброто на градот, но волјата на граѓаните беше поинаква и ти решија – истакна Бејта.