Неповолно Биометео: Огромна разлика меѓу утринските и дневните температури

Метео анализа на Славчо Попоски:

Огромна е разликата на температурите помеѓу оние во ноќните и во утринските часови и температурите преку ден, во ноќните и во утринските часови температурите во поголем дел од Македонија се минусни и зимски и има појава на мраз а преку денот тие се пролетни и многу повисоки. Разликата меѓу ноќните и утринските температури со максималните дневни температури е дури за околу 20 степени што е навистина премногу.

Сето ова лошо се одразува особено врз метеопатите каде се можни значителни здравствени проблеми. Ваквата ситуација со температурите го зголемува ризикот и за појава на вируси и за настинки.

Огромната разлика меѓу температурите во ноќните и утринските часови со температурите преку ден ќе продолжи и во следните денови па така минималните температури на воздухот ќе бидат зимски и во поголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата со што ќе има појава на слаб мраз а преку денот тие особено во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија ќе се искачат и до 20 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e