Пред малку по наредба на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска уапсена е специјалната обвинителка Катица Јанева.
Неофицијално, како што и пренесоа дел од медиумите, приведени се и двајца политичари. Кои се тие ќе биде соопштено на Прес конференција на ОЈО за приведувањето на Катица Јанева која треба да започне секој момент.