Неофицијално: Пиштолот со кој е убиено семејството Поцеста пронајден на бензинска пумпа во Тетово

Постарата ќерка на семејството Поцеста од Дебар е осомничена за грозоморното убиството на нејзините родители и помалата сестра – неофицијално пренесува „Либертас“ од извори во полицијата.

25-годишната девојка се наоѓа на распит во Јавното Обвинителство. Според порталот брифираат дека осомничената за трикратното убиство го извршила делото со уште тројца помошници. Едниот и обезбедил пиштол, вториот и помогнал да го изврши делото, а третиот бил задолжен да и помогне со превозот. Како што неофицијално дознава „Либертас“, пиштолот со кој е извршено убиството е пронајден на бензинска пумпа во Тетово.

Девојката долги години живеела во Италија, пристигнала во родниот Дебар за да го изврши делото, а по убиството веднаш заминала за Италија. Повторно се вратила во земјава откако родинините телефонски и ја соопштиле веста дека се откриени телата на нејзините родители и нејзината сестра.

Неофицијално, членови на семејството Поцеста биле членови на мафијашка група во Италија. Нашите извори брифираат дека мотив за убиството најверојатно е одмазда бидејќи таткото сведочел против членови на групата во која членувала и неговата ќерка. Се очекува МВР и Обвинителството подоцна во денот да излезат Трагичниот настан се случил на 26 август во три часот по полноќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e