Неколку дена пред стартот на новата учебна година основните училишта ги потсетуваат родителите до крајот на месец август да достават потврда дека детето ги има примано сите вакцини. Доколку родителот, не се достави до 31 август уредно пополнет вакцинален карто, детето нема да биде запишано на училиште, иако во месецот кога се запишуваа првачињата нивните документи биле примени.
Министерството за образование и наука не попушта и останува на ставот дека без уреден вакцинален статус, нема да има уписи во училиште.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат од септември ќе го проверува вакциналниот статут на сите ученици, не само на првачињата.
Министерството за здравство во соработка со министерството за образование во екот на епидемијата со морбили воведе и агресивни мерки за теренска вакцинација на учениците во училиштата. И покрај оваа мерка и редовните апели на здравствените работници да се вакцинираат децата со МРП вакцина како најдобра заштита од морбили, според податоците на Институтот за Јавно здравје околу 8000 деца немаат примано МРП вакцина во земјава.