Припадниците на специјалната единица „Тигри“, денеска трагаа во водите на реката Лепенец на македонската страна, но до попладнево не најдоа ништо. На местото на потрагата беше и заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу кој одблизу ја следеше операцијата. Според него, потрагата ќе продолжи сѐ додека не вроди со плод.
„Нашите колеги од граничната полиција од вчера се вклучени во оваа активност, додека денеска беше вклучена и специјалната единица. Ова е знак за институционална соработка. Очекуваме потрагата да продолжи сѐ додека не дојдеме до некаков резултат“, посочи Нухиу.
Двајцата полицајци, Малсор Шемседин-Даши и Арменд Мифаил-Трена, завчера излетаа од патот во провалија длабока 150 метри и завршија во водите на Лепенец. Освен нивното службено возило кое беше пронајдено во провалијата, и понатаму останува енигма – каде би можеле да бидат телата на двајцата косовски полицајци?
Извор: 21ТВ